Запознајте го Кристијан кој веќе 2 години е машински инженер во Микросам. Заеднички ја прославивме неговата дипломска одбрана и сите успешно завршени проекти. Неговиот труд и амбициозност доведе до тоа моментално да работи на најголемата автоматска линија за водородни т.н. хидроген резервоари за светски познат клиент. Нeговата приказна започна вака:
Во Микросам се вработив по завршување на третата година на Машинскиот факултет во Скопје и можам да кажам дека тоа беше одлична можност истовремено да работам и студирам. Микросам ми овозможи квалитетна надоградба на теоретските знаење и стекнување на вистински практични искуства кои секој инженер би ги посакал. Најголемата сатисфакција е што секоја машина што ја произведуваме почнува од нула, за на крај да се создаде финален продукт. Проектите на кои работиме се секогаш различни и секој нареден носи со себе нов предизвик. Една од можностите што ја добив во Микросам е да предлагам сопствени идеи и размислувања во решавање на определен проблем или оптимизација на некој систем. За мене како млад инженер ова е одлична можност активно да размислувам и постојано да се подобрувам во мојата кариера. – вели Кристијан.
Во Микросам може гордо да се пофалиме дека ги имаме најсовремените технологии и простор за работа во Прилеп и Скопје. Имаме пријатна работна атмосфера и најважно од сè е вработените да го работат тоа што го сакаат, да уживаат и да им биде забавно на работа.
Со тоа што се работи во многу променлива и динамична средина, успехот значи адаптација и постојано еволуирање во подобра верзија од самите себе. Технологијата напредува, а заедно со неа напредуваат и самите вработени и нивната креативност.
Сите вработени во оваа компанија сакаат да придонесат со своето знаење и да имаат големо влијание во композитната индустријата, оставајќи свој печат, а со тоа да придонесат и за растот на Микросам. Клучот за светски успех е соработката и работата како еден тим, исто како и врвниот менаџмент, кој нескромно споделува знаење и инвестира во своите вработени.
Доколку сакаш и ти да бидеш дел од овие успешни приказни, аплицирај на: