Мисија
Лидер во автоматизирани решенија за производство на современи композити
Визија
Автоматизирано производство со современи материјали
Кои сме ние
Микросам е водечки дизајнер на специјално дизајнирани автоматски решенија за производство на современи композити.
Mикросам е глобално признат лидер во машини и знаење за композитната индустрија. Уште од самото основање во 1990 година, Микросам има инсталирано над 290 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел, Кореа и многу други. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за современи композити.
Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот.
Каде се наоѓаме
Микросам е лоциран на својот кампус во близина на Прилеп, Македонија.
Во кампусот се сместени сите административни и инженерски канцеларии, производствени и монтажни простории. Кампусот е одличен за дизајнирање, тестирање, експериментирање, истражување, развој и производство на високо квалитетни машини.
Сите згради се опкружени со идиличен амбиент со прекрасен зелен парк и инспиративна средина за нашите вработени. Имаме неколку големи магацини со дигалки за кревање на тешки работи и цврста основа кои ни овозможуваат истовремено да ги изградиме машините за купувачите и да вршиме тестови на поголеми линии и опрема.
Нашиот постојано растечки машински парк е опремен со многу ЦНЦ повеќе осни машини, преси и класични работни станици за механички, електрични и други способности на тестирање. Сите дизајни на машините кои се започнати од инженерите, се управувани од искусни и висококвалификувани тимови за производство и оператори. Повеќето вработени имаат долги кариери во Микросам, што обезбедува не само стабилна и растечка основа на вештини, туку и постојаност и одржување на клиентите.
Како работиме
Сите наши машини се специјално дизајнирани, користејќи го уникатното знаење и иновативните дизајни од досегашно докажаните решенија. Нашите инженери имаат висока експертиза во низа производстви технологии.
Секој проект е раководен од проектен тим на дизајн инженери, најчесто машински и електро. Проектниот тим е менториран од поскусни и проектни лидери, а му се придружуваат и софтвер програмери и производни супервизори. Новите инженери брзо се воведуваат во работата, додека проектниот тим има директна комуникација со купувачите и одржува врски низ сите фази на дизајнирање, производтво, откуп, инсталација и поддршка. Тоа го прави успехот на клиентот тесно поврзан сос сите дизајн инженери, а нашата поддршка една од најдобрите во индустријата.
Технички способности:
- Висока експертиза во производство на современи композити
- Контрола на движење и автоматизација на процесите
- Специјализиран развој на софтвер
- Заедничко истражување и развој на новото композитно производство
Историјат и успеси низ годините
Април, 1990
- Основање на Микросам со 5 вработени
- Инсталација на една од првите компјутерски мрежи за корпоративен клиент во Македонија
- Дизајн и тестирање на првите македонски дигитални единици за мерење на потрошувачката на електрична енергија
1996
- Произведена првата машина за намотување на влакна (Filament winding)
- Машина за тестирање на аблативни карактеристики на композитните материјали
1998
- Произведена првата машина за препрег (Prepreg making)
1999
- Направена прва машина за дупчење штампани кола со линарни мотори
- Презентирана прва 6-осна машина за мотање на саем во Хановер, Германија
2000
- Влез на Кинескиот пазар
Мај, 2003
- Отворање на нова фабрика и перманентна локација на Микросам
- Лансирање на софтверот Winding Expert за апликации за намотување композитни влакна
2005
- Oснована Микросам Академија
2007
- Вовед на АФП и АТЛ технологија од Микросам
2009
- Основана Приватната Научна Установа – „Институт за Современи Композити и Роботика“, единствен институт од ваков тип во Југо-источна Европа
2011
- Патент за Автоматско сечење и поставување влакна, награден во Нирмберг, Германија и Патент на Годината 2011, во Република Македонија
- Прва автоматска линија за ЛПГ резервоари во светот за Индија
2012
- Отворање на сопствена локација на ИАЦР со модерна лабораторија и опрема за композитни прототипови
2013
- Број на вработени достигнува 100
2014
- Патент за АТЛ глава за широки траки испорака на машина за клиент во авионска индустрија
- Први проекти за развој на термопластични делови со АФП и АТЛ технологија
2015
- Прва автоматска линија за ЦНГ резервоари за Магна, Австрија за Ауди возилата
- На ИАЦР дипломира прва генерација магистри на наука
2017
- Прва хибридна машина за Автоматско полагање на летни и траки и намотување на влакна за вселенска индустрија
2018
- Прва мулти-роботска ќелија за термопласти без алат
2019
- Испорака на најголемата и најиновативна автоматска линија во светот за резервоари за водород и природен гас
Микросам низ бројки
300+
испорачани производни линии
Повеќе од 60%
инженери
30%
искусни оператори, монтери и ЦНЦ техничари
43+
земји
Награди
Уште од 2000-та година, Микросам се има здобиено со многу награди и признанија за своите иновации во Европа и пошироко, вклучувајќи ги Еурека Брисел во 2001 година, Патент на годината и најново, финалист на наградата ACE на најпознатиот американски саем за современи композити – CAMX во 2019 години за AFP машина која може да прозведува делови во вселената без алати.
Кариера
Нашата инженерска култура нуди одлични услови за луѓе кои сакаат да ја водат следната генерација на автоматизирано производство, решенија и софтвер. Заедно со внатрешното производство обезбедуваме доста можности за обука и едукација.
Зошто купувачите остануваат со Микросам
✔ Однос фокусиран на успехот на купувачот
✔ Заеднички развој и истражување
✔ 24×7 систем за поддршка, вклучувајќи далечинско одржување и надрадби на бесплатен софтвер
✔ Специјано дизајнирани компоненти и материјали за лесно сервисирање и контрола на квалитетот
✔ Долга историја, профитабилност, светско присуство со канцеларии и преставници на клучните пазари
News & Events
17.01.2025
Запознајте во Иван кој веќе 18 години е срцето на електро тимот во Микросам. Со својата посветеност и неверојатна прецизност, тој секојдневно решава комплексни задачи…
09.01.2025
Во Микросам, секој успешен проект започнува со идеја, но за неговата реализација заслугата ја носат нашите посветени инженери. Тие се срцето на нашиот успех –…
16.07.2024
Огромна чест ни е што сме дел од градењето и составувањето на македонскиот формула болид на амбициозните и талентирани идни инженери - визионери. Во областа…
Со задоволство ви најавуваме дека Микросам е дел од виртуелниот и најголем Регионален саем за вработување. Саемот ќе се одржи во периодот од 24-ти до…
26.07.2023
Интервју со vrabotuvanje.com - Млади и успешни: Запознајте ги жените кои ја трансформираат авионската, вселенската, автомобилската и други индустрии во светот. Women in manufacturing –…
Team Building Krusevo 2023: Моменти кои долго ќе се паметат Изминатите денови суперхеројскиот тим на Микросам уживаше во убавините на Крушево. Имавме прекрасен дводневен тим…