Meet Goran – Software engineer at Mikrosam.
Запознајте го Горан, еден од софтвер инженерите кој за брзо време се вклопи во нашиот суперхеројски тим. Неговата приказна започна пред две години во Академија Микросам, стекнувајќи ја својата основа и сигурност за градење на кариера како светски инженер.
„По започнувањето на втората сесија од курсот во академијата, ме повикаа во Микросам на интервју за работа. Бев среќен што бев препознаен како вистински кандидат и истовремено возбуден за еден нов почеток. Менторите и колегите веднаш ме прифатија како еднаков дел од тимот и многу ми помогнаа да стекнам нови знаења и искуства. Научив како да развивам системи за надзор и контрола на автоматските процеси, нови програмски јазици, технологии кои се уникатни и ги нема никаде на овие простори освен во Микросам. Никогаш не е монотоно, а тимот со кој работам е „супер кул“ за работа и дружење.“ – вели Горан.
Кога го прашавме Горан, да ни извои еден проект кој му бил најпредизвикувачки до сега, ни одговори:
„Моментално работев на една автоматска линија за производство на резервоари, каде имаше доста станици. Сите овие станици требаше мрежно да ги врзам и постојано да следам голем број на податоци. Овој проект ми беше буквално една целосна лекција што ме научи за сите следни. Нема поубаво чувство кога ќе се издигнеш после сите вложени напори и надминати предизвици.“
Доколку си инженер во потрага по нов предизвик, започнување на кариера во композитната индустрија може да биде вистинскиот чекор за тебе. Микросам е единствената компанија во овие простори што веќе повеќе од 30 години има искуство, професионален и амбициозен тим и клиенти од целиот свет.