- Машински инженери
- Електро инженери
- Софтвер инженери
- Инженери – технолози
Машински инженери
Машинските инженери во Микросам се клучни во дизајн тимот на секој продукт. За секој производ кој може да се замисли, машинскиот инженер учествува во некој момент од неговото проектирање, изборот на материјали, управување на температурата, обезбедување на квалитетот или во неговото производство.
„Микросам од секогаш гласела за компанија која е најдобра во областа на роботика и мехатроника. Предизвикувачко во мојата работа е што од идеја која е само на збор и лист хартија прераснува од целосна концептуализација во финален производ. Воедно, и самата индустрија сама по себе е предизвикувачка. Ниту една машина не е иста, бидејќи сите се специјално дизајнирани за секој купувач посебно.“ – вели Виктор.
Запознајте го Виктор, кој е повеќе од 3 години машински инженер во Микросам. Неговата упорност, безброј часови поминати во хала, учејќи од професионалци доведе да стане проектен лидер и ментор на неколку проекти.
Електро инженери
Фокусот на кој се насочени нашите електро инженери е индустриската автоматизација. Инженерите за автоматизација дизајнираат, програмираат, симулираат и тестираат автоматизирани машини и процеси со цел да бидат извршени точните работни операции, а сето тоа преку употреба на компјутерски контролни системи. Во Микросам, електро инженерите имаат одлична можност да произведуваат опрема чија функција ќе се извршува секојдневно, 24х7 кај клиентите. Дознај повеќе за работните задачи.
„ Работата во компанијата ми е предизвикувачка затоа што постојано работам на нешто ново, на различни машини и технологии и се развивам како светски инженер. Доброто е што има поискусни инженери од кои можам многу да научам и се отворени да го пренесат нивното знаење. Од друга страна, сите се дружиме и работиме во опуштена и супер атмосфера, што придонесува да работиме со уживање.“ – вели Александар.
Запознајте го Александар кој е веќе скоро две години електрoинженер во Микросам. Благодарение на неговата амбициозност и брз напредок сега работи на најпредизвикувачките проекти за водородни т.н. хидроген резервоари.
Софтвер инженери
Софтвер инженерите во Микросам имаат секојдневна прилика да работат на големи и предизвикувачки проекти. Kористејќи ги принципите на компјутерската наука, инженерството и програмските јазици, работат на развој на софтверски решенија за продуктите кои Микросам ги испорачува до клиентите. Преку тимска работа, размена на идеи и мислења, тие развиваат, тестираат и одржуваат специјално дизајнирани софтвери од почеток до крај. Дознај повеќе за работните задачи.
„Да се работи и учи во компанија како Микросам со ваква врвна технологија само по себе е достигнување, не само за мене туку и за секој млад човек во Македонија. Компанијата ме поттикна на едно сосема поинакво, тактичко и логичко размислување за решавање на сите предизвици. Како софтвер инженер предизвикувачки е што развивам софтвери кои движат роботи и машини кои се уникатни и препознатливи насекаде во светот.“ – вели Бобан.
Запознајте го Бобан, софтвер инженер во Микросам веќе 3 години.
Инженери – технолози
Во Микросам инженерите – технолози имаат одлична можност да работат, тестираат и учат во најнапредната лабораторија од ваков тип, како дел од Институтот за Современи Композити и Роботика. Дознај повеќе за работните задачи.
„Микросам ми пружи можност за директно запознавање со современите материјали, што претходно не сум ни знаела дека вакво нешто постои. Навистина е предизвикувачки да се истражува со најсофистицирана лабараториска опрема! Развиваме и усовршуваме технолошки процеси за производство на композитни структури кои веќе се огромен дел од водечките индустрии во светот. Најголем мотив за еден технолошки инженер претставува слободата за донесување и проучување на нови, иновативни нешта, што само во Микросам може да го имаме. “ – вели Викторија.
Запознајте ја Викторија, инженер-технолог во Микросам.
Дознај повеќе за работните одговорности:
Машински инженери
- Истражување и развој на CNC машини наменети за работа со композитни материјали
- Развивање на концепти, анализи на склопови и нивна функционалност
- 3Д моделирање на машински постројки и комплетна вклученост во нивниот развој и подобрување
- Координација со мултидисциплинарен тим составен од електро и софтвер инженери, производствен погон, секторите за набавка, продажба, менаџментот на компанијата, како и со надворешни соработници и клиенти. Овој диверзитет е една од најголемите предности во Микросам, токму заради фактот дека преку соработката меѓу сите тимови се стигнува до врвно и уникатно решение кое креира вредности и успех за секој наш клиент
- Самостојно и во тим, машинскиот инженер одлучува за употреба на конвенционални методи за дефинирање и избор на стандардни компоненти, пресметки за мотори, редуктори, запчаници, пневматски и хидраулични компоненти, машинска и термичка обработка итн., при што, редовната комуникација е клучна во тимот за меѓусебно синхронизирање и правилно дефинирање на приоритетите
- Следење на производствените процеси, квалитативна контрола на изработените делови, редовни состаноци со секторот за производство, учество во монтажа и дефинирање на текот на монтажата на нашите производи заедно со раководителот на секторот за монтажа
- Соработка со тимот за продажба и менаџментот, при што машинските инженери прават анализа на буџети за потенцијални проекти, подготовка на финансиски планови со дефинирана динамика на буџетските текови за тековните проекти
- Соработката со тимот за набавка подразбира дефинирање, следење и примање на нарачки
- Трансфер на знаење на помлади и понеискусни колеги, подготовка на тренинг програми за тимот и пренос на знаењето на најсоодветниот начин. Редовната евалуација и проактивното менторирање од најдобрите и најискусните инженери во областа се клучни во брзото адаптирање на секој нов член во тимот
- Алатки и софтвери кои најчесто се користат во секојдневната работа на машинските инженери во Микросам се: AutoCad, Inventor, FEA итн.
Електро инженери
- Развивање на технологија при почетна фаза на дизајн на компјутерски управувана машина
- Пребарување, набавка и испитување на типови на уреди со најнова технологија кои потенцијално би се вградиле во компјутерски управувана машина
- Програмирање на компјутерски управувана машина
- Постојано учење и надградување на најнови технологии и методи на програмирање на PLC и CNC контролери
- Пуштање во работа компјутерски управувана машина и правење на соодветни тестови на истата со цел доусовршување на нејзината работа
- Инсталација и обука за работа со производот/машината „in house” во рамки на капацитетите на нашите клиенти; овозможување на помош и поддршка за клиентот во текот на испорака и користење на машините
- Customer care решавање на потенцијално настанати пречки кај некој од нашите клиенти
- Постојана соработка со колегите од другите оддели и тимови
- Трансфер на знаење на помлади и понеискусни колеги, подготовка на тренинг програми за тимот и пренос на знаењето на најсоодветниот начин. Редовната евалуација и проактивното менторирање од најдобрите и најискусните инженери во областа се клучни во брзото адаптирање на секој нов член во тимот.
Инженери – технолози
- Учество во интердисциплинарни истражувања и проекти за развој на работата со хемиски инженери, машински инженери, електрoинженери, програмери и други професионалци
- Развивање на контролата на квалитетот на производи и процеси;
- Изработка на технолошки основи за инвестициски проекти и учество во реализацијата на инвестициските програми;
- Изработка и воведување на технолошки и технички спецификации и методи за проверка на супстанции и процеси, како и проверка на усогласеноста на тие својства во спецификите;
- Пронаоѓање, отстранување и превентивно дејствување на неусогласеноста на супстанциите и постапките со спецификите;
- Проучување на технолошките аспекти на одделни материјали, производи и советување во врска со нив;
- Техничка соработка и консултации со други релевантни експерти;
- Контактирање и посета на добавувачи и купувачи надвор од Македонија
Софтвер инженери
- Одржување и развој на custom made софтвер за Filament Winding, AFP и ATL машини
- Барање, анализа, изработка и тестирање на нови функционалности
- Анализа на можностите за изработка на специфични композитни делови како и потребните промени за композитниот дел се изработи без проблеми
- Развој на C++/ C# софтвер со користење на Microsoft Visual Studio IDE, Rhyno SDK, Matlab, Python
- Развој на алгоритми за автоматско полагање, како и развој на самиот софтвер во насока на барањата на клиентот
- Користење на библиотеки и SDK од разни софтверски и хардверски компоненти кои се интегрираат во машините
- Одржување на обуки за работа со софтверот за клиенти и внатрешни проекти на Микросам
- Развој на софтвер за 3D симулација на NC код на машина со робот или гантри конфигурација
- Тестирање на финален производ од софтверот (NC код) на машина со робот или гантри конфигурација
- Проверки за правилно процесирање на параметри дефинирани во софтверот
- Развој на софтвер за контрола на квалитет на композитни делови, како и дизајнирање и одржување на бази на податоци за складирање на податоци во реално време поврзани со производството на композтини делови
- Тестирања врзани со прецизност на дефинирани параметри во софтвер споредено со реален производ на машина
- Трансфер на знаење на помлади и понеискусни колеги, подготовка на тренинг програми за тимот и пренос на знаењето на најсоодветниот начин. Редовната евалуација и проактивното менторирање од најдобрите и најискусните инженери во областа се клучни во брзото адаптирање на секој нов член во тимот.