Микросам е единствената компанија во Македонија која нуди разновидни работни позиции со можности за брзо напредување. Тимски се инспирираме, учиме, надоградуваме, затоа што успехот на секој поединечно е и заеднички успех и како таков никогаш нема да биде изоставен. Дознајте повеќе како би изгледала вашата кариера во светските предизвици.
За секоја пријава за отворено работно место, потребно е да се приложи ваше Резиме или професионална биографија (CV). За да направиме поефикасен преглед на вашите способности и потенцијали, пожелно е да го структуирате и приложите вашето резиме или CV според инструкциите подолу.
Како да се пријавите – Често поставувани прашања
- Пребарување на работни позиции
- Аплицирање за работна позиција
- Процес на селекција
- Студенти и практиканти
Пребарување на работни позиции
Барам специфична работна позиција, но не можам да најдам отворен оглас за неа. Што да правам?
Доколку нема објавено оглас за бараната позиција, слободно аплицирајте на: Пријава или испратете ни ваше резиме: [email protected] со точно наведена работна позиција за која аплицирате.
Колку долго се отворени работните позиции?
Вообичаено рокот за аплицирање е околу 14 денови, но сепак, може да испратите апликација за работа за да Ве имаме во датабазата на кандидати.
Колку често се објавуваат отворени работни позиции во Микросам?
Секогаш кога ќе има потреба од ново вработување. Следете не на нашата интернет страна и социјалните мрежи.
Аплицирање за работна позиција
Како да аплицирам за отворената работна позиција која ја сакам?
Може да аплицирате на Пријава или испратете ваше резиме на [email protected] со назначување на работната позиција за која аплицирате.
Дали можам да аплицирам за повеќе отворени работни позиции?
Да, доколку сметате дека ги исполнувате потребните критериуми.
Колку време ќе ми треба да ја пополнам онлајн апликацијата?
Процесот нема да ви одземе повеќе од 5 минути.
Испратив апликација за работа пред извесно време, сакам да ја повлечам. Што треба да направам?
Испратете известување за повлекување на: [email protected]
Како да подготвам биографија која најдобро ќе ме претстави мене?
Следете ги овие упатства за составување на вашето резиме. Како до пријава?
Дали да аплицирам за работната позиција за која го немам потребното работно искуство?
Апсолутно, најважна е желбата и амбицијата за работа! Без разлика дали имате помалку или немате никакво работно искуство, испратете апликација за работа Пријава.
Откако ќе аплицирам за одредена позиција, колку време треба да чекам додека да добијам одговор?
Зависно од работната позиција и бројот на пријавени кандидати, понекогаш потребни се 30, 60 и до 90 дена за да заврши целосно процесот за селекција. Ве замолуваме за трпение, нашиот тим ќе те контактира во најкус рок кога за тоа ќе се создадат услови.
Процес на селекција
Како да ги зголемам шансите за да го добијам посакуваното работно место?
Следете ги нашите совети за подготовка на вашето резиме Како до пријава? Доколку имате дополнителни документи како препораки, мотивационо писмо и сл., испратете ни ги и тие, но имајте на ум дека за позицијата аплицираат многу кандидати, па времето кое го имаме на располагање на прегледување на сите апликации е кратко.
Како се прави предселекција на кандидати?
Одговорното лице за селекција на кандидати, врз основа на претходно дефинирани критериуми за извршување на работата на дадената работна позиција, прави предселекција на кандидатите преку нивните биографии испратени до нас.
Како ќе бидам исконтактиран доколку сте заинтересирани за мојата апликација?
Потенцијалните кандидати ги контактираме преку телефонски повик или електронска пошта.
Откако ќе аплицирам онлајн, како ќе можам да го исконтактирам одговорното лице за селекција?
Нема потреба да барате лице за контакт. Одговорното лице ќе ве исконтактира вас, доколку ги исполнувате бараните критериуми.
Како се одвива процесот на интервјуирање во Микросам?
Процесот на интервјуирање се одвива во две фази, односно се прави интервју со претставник од Секторот за човечки ресурси, а потоа се прави техничко интервју.
Дали на техничкото интервју ќе решавам тестови?
Секој од нашите колеги кој спроведува техничко интервју, без разлика за која работна позиција станува збор, има ексклузивно право да одлучи на кој начин ќе направи проверка на вашето знаење и вештини. Тоа подразбира дека може да се спроведе тестирање, да се зададат задачи кои треба да се решат, да се направи студија на случај за одреден проблем и да се води интервјуто низ слободен разговор.
Како се носи конечната одлука за вработување во Микросам?
Врз основа на резултатите од интервјуата, даваме шанса за вработување на најдобриот кандидат.
Студенти и практиканти
Јас сум сеуште на факултет, какви позиции имате за студенти или кандидати кои скоро ќе дипломираат?
Кандидатите кои сеуште не завршиле факултет, може да обавуваат кај нас студентска пракса во Микросам или пак, доколку ги исполнуваат нашите услови за одредена работна позиција, може да добијат и понуда за вработување.
Дали можам праксата во текот на студиите да ја обавувам кај вас?
Секако дека да. Испратете апликација за пракса до нас и ќе ве исконтактираме. Пријава.
За кој тип на пракса можам да аплицирам кај вас?
Праксата можете да ја обавувате согласно со нашите Договори за соработка со факултетите. Повеќе прочитајте на делот за Студентска пракса во Микросам.
Колку време можам да обавувам пракса кај вас?
Најчесто на студентите праксата им трае 3-6 месеци.
Дали по завршувањето на праксата имам шанси да се вработам кај вас?
Доколку има слободна работна позиција, ги задоволувате нашите критериуми и сакате да напредувате секако дека да.