- Информатичка aдминистрација
- Продажба и Маркетинг
- Човечки ресурси
- Правен оддел
Информатичка aдминистрација
Информатичката администрација е одговорна за правилно функционирање на компјутерската опрема и мрежните системи за повеќе од 70% од вработените. Работни задачи се следните:
- Инсталирање на мрежни и компјутерски системи – одржување, поправање и надградување на оперативни системи, хардвер и софтвер, управување со виртуелни сервери и интегрирање на процеси за автоматизација
- Следење логови и перформанси на постојните компјутерски системи и ИТ-инфраструктури, анализа на проблеми, брзи и прецизни одлуки за нивно решавање
- Помагање, пренесување искуство и вештина со цел решавање на проблемите на клиентите вклучувајќи ги системите и програмите
- Одржување непречена поврзаност низ мрежата на фирмата
- Вештини за управување со времето
- Менаџирање на процеси за бекап и обновување на податоците
- Обезбедување документација и технички спецификации за ИТ потребите и клиентите
- Администрирање на е-пошта на вработените во фирмата.
Продажба и Маркетинг
Тимот за продажба и маркетинг во координација со инженерскиот тим прават комплетен план како одредена машина треба да ги задоволи потребите на клиентите од една страна, а од друга страна да одговара согласно со роковите и можностите на инженерскиот и останатиот тим. Креативната страна на маркетингот на Микросам е целта да се издвои компанијата пред сите во земјата и светот и да се зајакне свеста за нејзината големина и иновативност. Работните одговорности на овој тим се:
- Работа со меѓународни клиенти, квалификација и утврдување на технички потреби
- Работа со ЦРМ (систем за релации со клиенти) и планирање на следни чекори
- Консултација со инженерски тим и изработка на понуди
- Контактирање и посети на клиенти во светот и во Микросам
- Комплетна поддршка на Продажниот Тим
- Проследување на активности за продажба, испорака на машина, и сервис
- Присуство и организација на годишни саеми, настани и конференции
- Комуникација со сите глобални претставници и партнери
- Изработка на редовни и периодични извештаи за продажни резултати
- Планирање и извршување на маркетинг кампањи (веб, ПР, социјални медии, реклами, настани, саеми, директни патувања, и сл.)
- Одговорност за маркетинг содржини: веб, социјални медиуми, постери, каталози, брошури и сл.
- Истражување на пазар и следење на конкуренција
- Изработка на редовни и периодични извештаи за маркетинг резултати
- Сугестии за подобрувања, и други прадажба и маркетинг активности по потреба
Човечки ресурси
Одделот за човечки ресурси на Микросам особено важен при почетниот процес на привлекување и селекција на потенцијалните кандидати за вработување и пракса. Работните одговорности се:
- Креирање и објавување огласи за вработување на разни портали
- Организација и имплеметација на процесот за регрутирање
- Соработка со менаџери за поставување критериуми за квалификација на кандидати
- Прегледување на апликации и резимиња од кандидати за вработување и подготовка на првично селектирање до претпоставените
- Спроведување на првични интервјуа преку телефон со цел креирање на кратки листи на квалификувани кандидати
- Одржување на контакт со потенцијални кандидати во текот на целиот процес на вработување
- Ориентација на нововработени
- Поддршка на сите сектори при спроведување на Политики за човечки ресурси
- Поддршка во односите со вработените
- Вмрежување со потенцијални кандидати преку професионални групи на социјални медиуми и за време на настани
- Организирање присуство на Микросам на саеми/настани за вработување
- Активен контакт со Универзитети со цел презентирање на Микросам пред нивните студенти
- Активно истражување и барање на алтернативни медиуми/настани за регрутирање
- Одржување база на податоци за потенцијални кандидати за идни работни места
Правен оддел
Проверката на целото правно делување, изработка и имплементација на сите законски, подзаконски и интерни акти е на товар на правниот оддел. Самиот оддел е поврзан со целокупната работа и сите профили на вработени во компанијата. Основни задачи и одговорности:
- Проучување на закони, прописи и судска пракса и нивна имплементација во деловниот процес
- Прегледување, а по потреба и изготвување на документи за промени кои што настануваат во текот на работата
- Изготвување на внатрешни правни акти за компанијата
- Укажување на правна помош во вид на составување на соодветни правни акти, правни средства и лекови (договори, тужби, жалби, приговори, опомени, барања, известувања и слично)
- Советување на органите и вработените за одделни правни прашања
- Одговорност за правната документација за компанијата
- Објавување огласи за потреба од вработување
- Пријавување и одјавување работници
- Комуникација со соработници, клиенти, добавувачи
- Комуникација со релевантни државни органи и други институции во рамки на работењето
- Други средни и доделени правни работи и задачи
- Финансии и сметководство
- Администрација
- Оддел за увоз и за извоз
Финансии и сметководство
Финансискиот оддел како еден од основните е задолжен за целокупната исплата, наплата, сметководствено и финансиско дејствување на компанијата во земјата и странство. Основни работни задачи и одговорности се:
- Комуникација со коминтенти од земјата и странство за конфирмирање и усогласување на должничко/побарувачки салда
- Прибирање на целокупна документација за деловните трансакции, нивно сортирање и евидентирање во деловните книги
- Подготовка и електронско поднесување на даночни пријави во УЈП
- Подготовка и поднесување на годишни сметки и финансиски извештаи во ЦРМ
- Подготовка и поднесување на статистички извештаи до ДЗС и НБРM
- Подготовка на менаџерски извештаи, анализа на показателите за успешност и давање на насоки за зголемување на ефикасноста на работата
- Презентирање на деловните книги и целокупната документација пред надворешните инспекции и независната ревизија
Администрација
Административните работници во Микросам претставуваат канал преку кој се одвива целокупната интерна комуникација, а воедно едни и од првите насмеани лица кои што ќе ги запознаете при влезот на Микросам. Нивните основни работни задачи и одговорности се:
- Примена и поддршка на комуникациски, документациски и внатрешни координативни активности за помош на менаџментот
- Водење на записници од состаноци и белешки за работењето
- Водење на комплетна евиденција и документација за вработените
- Управување со системот за работно време, отсуства, годишен одмор и други работи поврзани со вработените
- Организирање и изготвување на список за храна за вработените
- Работа на телефонската централа, комуникација со комитенти
- Подготвување, испраќање и подигање на пошта
- Организација на службени патувања за вработени
- Организација на превоз на гости
- Водење на деловодни книги
- Вршење технички подготовки околу советувања
- Вршење на сродни задачи и други работи доделени од претпоставените
Оддел за увоз и за извоз
Одделот за увоз и за извор е одговорен за целокупната комуникација со добавувачи од странство, транспорт и царинење на стока. Дел од нивните работни обврски се:
- Средување на потребната документација за транспорт на стоката
- Коресподенција со царински органи
- Организација на постапки за увозно и извозно царинење
- Вршење на тарифни работи, пресметување на цената на транспортот
- Кореспонденција со добавувачи од странство, во рамки на обезбедување на логистичка поддршка при увоз на репроматеријали
- Прибавување на документи за увоз на репроматеријали
- Кореспонденција со купувачи од странство, во рамки на обезбедување на логистичка поддршка при извоз на финални производи
- Следење на купопродажни договори за набавка на стоки и репроматеријали и договори за извоз на финални производи
- Контрола на избрани начини на осигурување и реосигурување на стоката при транспорт, согласно условите на испорака
- Обезбедување на останата стручна асистенција во рамки на стручната експертиза на работникот
- Креирање на нарачки во рамки на постоечки сметководствен систем
- Вршење на сродни задачи и други работи доделени од претпоставените.