Meet the MikroPlace team!
Овој тим е група на посветени софтвер инженери, „гладни“ да го креираат најефикасниот и најдобриот код кој ќе ја „оживее“ машината.
MikroPlace на Микросам е сеопфатно софтверско решение за офлајн програмирање, дизајн и симулација на повеќе технологии за производство на делови од современи композити.
Честопати, работата на MikroPlace ја поистоветуваме со нашата тимска работа како „едно и исто“. Секој од нас непрекинато придонесува за MikroPlace со упорност и генијалност. Овој софтвер бара соработка, комуникација и споделување информации и знаење со сите колеги. Само така ќе успееме заедно да ги надминеме сите предизвици!
Комуникација со различни оддели
- Машинскиот оддел ќе ни каже за карактеристиката што ја направиле и како треба да функционира. Многу е важно да ја програмираме функцијата што тие ја проектирале со цел истата да работи.
- Потребни ни се експерти за хемиска технологија кои ќе ни дадат информации за својствата на материјалот. Тие треба на лабараториската машина да ги приспособат параметрите на тестирањата на подобрените карактеристики на материјалите.
- Ги комбинираме силите со одделот на електроинженери со цел сите функции од офлајн програмирањето да работат непречено за време на онлајн контролата.
- Одделот за продажба ни овозможува да имаме информации за потребите на клиентите, да комуницираме директно со нив за да можеме да имаме свежи идеи и да имплементираме нешто корисно и оригинално.
Нашата комуникација функционира како континуиран циклус, незапирлив проток на информации.
Што велат членовите на MikroPlace тимот?
Она што ми се допаѓа кога работам во MikroPlace е што никогаш не сум ограничена да работам само на една карактеристика дефинирана од некој друг. Наместо тоа, можам да додадам нешто мое во софтверот, нешто што мислам дека ќе го подобри работниот тек. Функцијата може да се подобри или да не е потребна, но истиот код може повторно да се користи во друга функција – нели е тоа убавината на програмирањето?, вели Дијана.
Ја имав привилегијата да работам на овој софтвер од неговиот почеток. Сега, гледајќи го од оваа перспектива после толку години, со гордост можам да кажам дека стана жесток конкурент меѓу сличните софтверски решенија на пазарот. Посветеноста и вредната работа вложени во неговиот развој резултираа со производ кој не само што ги исполнува, туку и ги надминува очекувањата на своите корисници. Задоволство е што сум сведок на успехот на еден производ за кој имав можност да придонесам“, вели Билјана.
Кога се приклучив на тимот, софтверот веќе имаше најголем дел од својата функционалност. Првиот чекор беше да се примени на машините. Бидејќи работам со MikroPlace, постојано го користам со колеги од сите оддели кои се заинтересирани да пробаат нешто ново. Кога ми треба одредена карактеристика, тимот е секогаш достапен да помогне. Најинтересниот дел од работаѕа ми е за време на вистинското тестирање, кога се појавуваат многу креативни идеи и секогаш ги дискутираме како можни карактеристики“, вели Никола.





Како личност која поминала долго време работејќи на овој софтвер, од прва рака ја знам важноста на пишувањето едноставен и ефикасен код. Постои одредено задоволство што доаѓа со создавање код кој е елегантен и лесен за разбирање. Ова му олеснува на тимот да соработува заедно и да ги постигне нашите цели. Една од работите во кои најмногу уживам кога работам на оваа програма е соработката со моите колеги за наоѓање решенија на најразлични сложени проблеми. Со споделување на нашите идеи и заедничка работа, можеме да создадеме подобри решенија отколку што би можеле сами поединечно“, вели Елизабета.
Навистина уживам во креативноста при развивање и надградба на софтвер со подобрени функции и учам многу работи кои ми помагаат да бидам поефикасна. Со помош на мојот тим, можам да ја претворам мојата креативност, имагинација и идеи во нешто корисно и опипливо. Заедно со мојата експертиза за развој на софтвер, имам и страст за обука и уживам во споделувањето на моето знаење со потенцијалните клиенти. Исто така, обучив многу луѓе како да го користат нашиот софтверски производ и им овозможив да ја зголемат својата продуктивност и поефикасно да ги постигнат своите цели. За да работите со таква уникатна технологија, треба да бидете посветени. Треба да излезете од вашата комфор зона за да произведете нешто револуционерно и иновативно. Ова ќе ги натера луѓето да го променат својот начин на размислување во сосема поинаква област на технолошки иновации, вели Ивана.
MikroPlace е заеднички напор кој вклучува многу луѓе и секој од нив носи своја експертиза за негово развивање. MikroPlace секогаш ќе има белег од луѓето кои го создале.