Запознајте го Александар кој е веќе скоро две години електрoинженер во Микросам. Благодарение на неговата амбициозност и брз напредок сега работи на најпредизвикувачките проекти за водородни т.н. хидроген резервоари. Неговата приказна започна вака:
„За Микросам дознав од еден саем за вработување додека сеуште бев на факултет. Кога ги видов роботските раце и целиот процес на работа и автоматика, знаев дека тоа е работата баш за мене. Од секогаш ме фасцинирало автоматизирање на производните процеси. Работата во компанијата ми е предизвикувачка затоа што постојано работам на нешто ново, на различни машини и технологии и се развивам како светски инженер. Доброто е што има поискусни инженери од кои можам многу да научам и се отворени да го пренесат нивното знаење. Од друга страна, сите се дружиме и работиме во опуштена и супер атмосфера, што придонесува да работиме со уживање.“ – вели Александар.

Александар покрај својата работа како инженер, омилено хоби му е и трчање. Досега има истрчано на голем број на полумаратони во Скопје, Охрид, Битола, Белград, Куманово, Кочани и други. Нареден предизвик му е полумаратонот во Сплит, Хрватска.
Му посакуваме само успеси во работата и остварување на сите негови предизвици во секое поле.