Meet Stefan – Electrical engineer
Запознајте го Стефан, кој работи како електроинженер во Микросам скоро 3 години. Неговата страст кон професијата доведе уште на 25 годишна возраст да стане проектен лидер на машини кои активно се користат во авионската и транспортната индустрија. Тој неговото работење во Микросам би го опишал вака:
„Со два збора: предизвик и страст! Предизвик од страна на одговорностите кои ги носи улогата проект лидер и работењето со клиенти од целиот свет. Страст кон професијата која ја работам, а тоа е автоматизација на процесите од самиот нивен почеток до крај. Да бидам искрен, некогаш денот дури ми изгледа како во документарец на Discovery!“ – вели Стефан.
Кога го прашавме Стефан, што би издвоил посебно од неговата работа?
„Една од најдобрите страни на работата во Микросам мора да кажам дека се патувањата низ целиот свет каде што се запознаваш со различни култури и разменуваш искуства со тамошните инженери. Учеството на различни проекти придонесе да сфатам дека постигнувањето на целта е тимска игра каде се вклучени инженери од различни области. Ова ми овозможи да се стекнам со знаење од други полиња, нешто што дефинитивно не се учи на факултет. “ – вели Стефан.
Стефан покрај неговата страст кон технологијата, се занимава и со велосипедизам и планинарење. Досега има извозено голем број на велосипедски тури и искачено скоро сите врвови низ цела Македонија. И секако, тој е дечкото со точакот што доаѓа на работа!
На Стефан му посакуваме храбро да ги освојува сите негови предизвици и неговата страст кон професијата да ја насочува кон уште многу, многу поголеми нешта.
Доколку сте инженери во потрага по нов предизвик, започнување на кариера во композитната индустрија може да биде вистинскиот чекор за вас. Микросам е единствената компанија во овие простори што веќе повеќе од 30 години има искуство, професионален и амбициозен тим и клиенти од целиот свет.