Единствена можност каде инженерите – технолози можат да учат, работат и истражуваат е токму најнапредната лабораторија за современи композити во Микросам. Нашата драга Викторија, може да ви каже за нејзиното досегашно искуство:
„Микросам ми пружи можност за директно запознавање со современите материјали, што претходно не сум ни знаела дека вакво нешто постои. Навистина е предизвикувачки да се истражува со најсофистицирана лабараториска опрема! Развиваме и усовршуваме технолошки процеси за производство на композитни структури кои веќе се огромен дел од водечките индустрии во светот. Најголем мотив за еден технолошки инженер претставува слободата за донесување и проучување на нови, иновативни нешта, што само во Микросам може да го имаме. “
Прочитај повеќе за работните одговорности за инженер технолог тука.
Доколку сакаш и ти да си дел од технолошкиот суперхеројски тим и сакаш да учиш од врвни светски познати професионалци, аплицирај на [email protected].