Запознајте ги поблиску нашите суперхерои!
Без тимот за набавка не би можеле да си го замислиме нашето работење. Улогата на референт за набавка е грижата и одговорноста за беспрекорното функционирање на Микросам. Секојдневно воспоставува барања, истражува на пазарот, носи одлуки што и како да се купи, преговара за договори и управува со ризици.
„Работењето како референт за набавка е една од најдобрите работи за сите оние кои сакаат да напредуваат преку мерливо влијание врз успехот на Микросам. Со нашата потреба од производи ги „ангажираме” големите глобални играчи од редот на Siemens, Kuka, ABB, Lenze, Rittal, Bosch, Redex како и над 200 локални трговци и кооперанти. Набавка е “во срцето” на дивергентните проектни тимови составени од колегите за дизајн на машините, производство, продажба, финансии, складирање, увоз-извоз. Па, кој не бил среќен и задоволен да работи со луѓе што имаат толку различни професионални позадини и начини на размислување?“ – велат од суперхеројскиот тим.
Не ја пропуштај можноста да ги зајакнеш твоите преговарачки вештини и да стекнеш соработници и пријатели, зашто имаш многу да научиш од нив и за нив. Приклучи се и аплицирај на [email protected]!