Петар е студент кој во една година посети два бесплатни курса за основно и напредно програмирање во C# во Академија Микросам. Амбициозната приказна за него продолжува и ова лето како практикант во Микросам.
„Курсевите во Aкадемијата се појавија во перфектно време – пред моето запишување на факултет. Благодарение на нив со леснотија ја поминав првата година! Многу ми се допаѓа што научив основни концепти на програмирање и логичко размислување. Самиот курс како група нè научи на дисциплина, поотворено комуницирање и дружење. Најголем впечаток ми остави што и вработените од Микросам нè посетуваа и беа полни со позитивна енергија, желни да споделат знаење и искуство. Ова е и најголемата причина за да се пријавам за пракса во Микросам. Сакам да се соочам со нови предизвици и сознание за мојата идна кариера.“ – вели Петар.
За Академија Микросам
Микросам Академија има за цел да го поттикне образованието на талентираните кадри кои сакаат да се надоградуваат и да стекнат вештини неопходни за успех во техничките науки. Низ бесплатни курсеви и клубови, од 2007 година, Академијата има обучено над 270 лица, од кои 150 средношколци, преку проектна настава, учество на натпревари и пристап до најмодерна технолошка библиотека.
Студентска пракса во Микросам
Компанијата е позната по нејзините инвестиции во идните млади колеги. Студентите во текот на своите студии имаат можност да се запознаат, да работат со проекти и решенија за светски клиенти. Дополнителен поттик е што имаат предност пред останатите за да бидат дел од тимот на Микросам.
Доколку сте во потрага за започнување на вашата кариера во професионална компанија, Микросам нуди платена пракса со полно работно време за студенти од сите Технички факултети.