Давид по завршување на бесплатниот курс за програмирање во Микросам Академија, продолжи со едукација како студент практикант во Микросам. Драго ни е што можеме да инвестираме во сите млади талентирани луѓе, уште од нивните почетоци. Прикажувајќи го практичното и теоретското искуство, ги припремаме за нивните идни вработувања и брзорастечка кариера.
„За да започнам со курсот во Академијата најмногу ме привлече тоа што Микросам е напредна и кул компанија. Сакав да го збогатам моето знаење во полето на програмирањев и научив многу во овие 6 месеци. Дополнително добив можност да реализирам студентска пракса тука во Микросам, и верувам дека праксата ќе ми биде отскочна даска за да изградам кариера каква што посакувам побрзо. “ – вели Давид
За Академија Микросам
Микросам Академија има за цел да го поттикне образованието на талентираните кадри кои сакаат да се надоградуваат и да стекнат вештини неопходни за успех во техничките науки. Низ бесплатни курсеви и клубови, од 2007 година, Академијата има обучено над 270 лица, од кои 150 средношколци, преку проектна настава, учество на натпревари и пристап до најмодерна технолошка библиотека.
Студентска пракса во Микросам
Компанијата е позната по нејзините инвестиции во идните млади колеги. Студентите во текот на своите студии имаат можност да се запознаат, да работат со проекти и решенија за светски клиенти. Дополнителен поттик е што имаат предност пред останатите за да бидат дел од тимот на Микросам.
Доколку сте во потрага за започнување на вашата кариера во професионална компанија, Микросам нуди платена пракса со полно работно време за студенти од сите Технички факултети.