Запознајте ја Летиција, студент практикант во Микросам. Таа своето искуство го започна во Академија Микросам и го продолжи со амбиција за иден софтвер инженер!
„Како студент на ФИНКИ сметав дека ми треба уште едно надоградување на моето знаење во областа на информатиката и се пријавив за курсот од Академија Микросам. Навистина добив добра основа за програмирање, за која верувам дека на секоj следен “програмер” му е потребна. Секако, Микросам многу ми помогна за мојата желба и ми даде поголема мотивација за понатаму. Продолжувам со летната пракса како нареден предизвик за градење на кариера како софтвер инженер.“ – вели Летиција
За Академија Микросам
Микросам Академија има за цел да го поттикне образованието на талентираните кадри кои сакаат да се надоградуваат и да стекнат вештини неопходни за успех во техничките науки. Низ бесплатни курсеви и клубови, од 2007 година, Академијата има обучено над 270 лица, од кои 150 средношколци, преку проектна настава, учество на натпревари и пристап до најмодерна технолошка библиотека.
Студентска пракса во Микросам
Компанијата е позната по нејзините инвестиции во идните млади колеги. Студентите во текот на своите студии имаат можност да се запознаат, да работат со проекти и решенија за светски клиенти. Дополнителен поттик е што имаат предност пред останатите за да бидат дел од тимот на Микросам.
Доколку сте во потрага за започнување на вашата кариера во професионална компанија, Микросам нуди платена пракса со полно работно време за студенти од сите Технички факултети.
Софтвер инженер
Софтвер инженерите во Микросам имаат секојдневна прилика да работат на големи и предизвикувачки проекти. Kористејќи ги принципите на компјутерската наука, инженерството и програмските јазици, работат на развој на софтверски решенија за продуктите кои Микросам ги испорачува до клиентите.