Ви претставуваме уште еден суперхерој кој стои позади нашите големи успеси!
Запознајте го Игор, машински инженер во Микросам и Магистер на технички науки од областа на композитни материјали (Master of Science in the field of composite materials, MSc). Игор веќе 8 години ги води тимовите на инженери во технолошки најразвиените проекти за автоматско полагање на ленти и траки особено во авионската индустрија.
,,Микросам е технолошки амбасадор на Македонија. Горд сум што сум дел од оваа исклучителна приказна и воедно сум почестен што имам прилика својата кариера да ја градам токму тука. Во Микросам сите имаме можност да изградиме кариера каква што посакуваме.” – вели нашиот колега Игор.
Доколку сакате да бидете дел од суперхеројскиот тим на машински инженери, прочитајте повеќе тука.
Повеќе за негово искуство, гледајте го следното видео: