Запознајте го Александар, кој е веќе 2 години софтвер инженер во Микросам. Моментално е дел од тимот што работи на развој на софтвер за контрола на квалитетот на финалниот производ од машините на Микросам. Во текот на неговата кариера има посетено повеќе лидерски компании во различни држави низ светот, и софтверот кој што го развива успешно се користи во истите.
Неговата приказна започна вака:
„Веста дека Микросам работи за НАСА беше една од главните причини за да аплицирам за работа. Во Микросам особено е ценет менторскиот пристап, па така го добив најдобриот ментор кој што успешно ме запозна со софтверот кој што треба да го развивам. Како најголема придобивка е тоа што се стекнав со знаење и од другите инженерски области. Работата во компанијата сама по себе е предизвикувачка бидејќи секој клиент има различни специфични софтверски барања, и тоа е она што придонесува за раст во мојата кариера. Горд сум што софтверот на кој што работам се употребува во лидерските компании во голем број на индустрии низ светот. “ – вели Александар.
Кога Александар го прашавме зошто токму одбрал кариера како програмер во Микросам, ни одговори:
„Зошто да не? Нема поубаво чувство од тоа што го програмираш да го видиш лично пред тебе дека работи. Микросам е дефинитивно компанија која за нас инженерите нуди можност за брзо напредување, креативност, учење, патувања и стекнување на познанства ширум светот.“
