Запознајте ја поблиску Тамара, електроинженер во Микросам.
За Тамара сме горди што во овие 2 години храбро и амбициозно веќе води голем дел од проектите и напредува со вртоглава брзина. Нејзиното искуство во компанијата е следно:
„Како електроинженер во Микросам, предивикувачки е да се работи со врвни технологии и на уникатни машини какви што во Македонија, па и пошироко не сме виделе. Мене лично ми се допаѓа тоа што во секој проект има нешто поинакво, ново и никогаш не може да ти стане монотоно. Можеш да си „креативен“ од инженерски аспект, пример, како да смислиш дизајн за автоматизација, најдеш решение за некоја нова ситуација, смислиш некој нов код што после ќе ја „ оживее” машината. Од друга страна, многу голем поттик ми е тимот на Микросам. Благодарение на нивната флексибилност, дискусија, разбирање, поддршка, конструктивни критики и пофалби – јас секој ден сакам да одам на работа! Едноставно, убаво е да си дел од вакви успешни проекти и во компанија со динамична средина која работи со светски гиганти.“ – вели Тамара.
Доколку си спремен и ти да се приклучиш на електро суперхеројскиот тим на Микросам, аплицирај на [email protected]!