Запознајте ја Миленa, која веќе 11 години е проектен менаџер во Микросам. Милена е едно од првите лица кои ги запознаваат нашите купувачи.
„Како проектен менаџер во Микросам секој нов проект ми е предизвик бидејќи реализацијата на истиот претставува надградба на моето знаење и познавање на современата технологија. Со посебно задоволство ја водам секојдневната комуникација со тимови на напредни инженери кои се од најразлични делови на светот. Буквално, можам да кажам дека го имам „светот на мало“ во мојот компјутер! Благодарение на соработката на менаџментот и сите тимови, секој успешно завршен проект и задоволен купувач ни дава поттик за уште поголеми успеси.“ – вели Милена.
Проект менаџмент е една од важните професии во Микросам предвидени за 2022 што ќе ја одбележи како година со уште поголем број на успешно планирани, контролирани и затворање на проектите, со што ќе го зголемиме бројот задоволни купувачи.
Во Микросам, паралелно со зголемената побарувачка за најиновативната технологија расте и потребата за зголемување на бројот на проектни менаџери кои се клучни во планирање, следење, контролирање и затворање на проектите.
Доколу си амбициозен/на, адаптибилен/на и сакаш да работиш со луѓе, биди дел од тимот на проектни менаџери во Микросам, aплицирај на [email protected].