Една од задачите на секој софтвер инженер во Микросам е секоја креативна идеја да ја претвори во реализација. Така и нашата драга Ивана, која веќе 8 години е „софтвер суперхеројка“ , вели:
„Во Микросам научив како технологијата и идејата да ги спојам во една иновација. Иновациите се резултат на процес кој носи радикални идеи за создавање нешто ново и поинакво, проследено со големи промени што кршат многу правила. Затоа, за мене секој проект е креативен процес кој ме мотивира да се надоградувам понатаму. Навистина е пријатно чувството кога ќе видам дека мојата идеја нашла примена на светски рамки кај познати компании, користејќи го токму моето софтверското решение. Како плус на се ова е одличната атмосфера и професионалниот тим постојано да ме мотивираат!“
Дознај повеќе за работните одговорности на еден софтвер инженер тука.