Meet Boban – Software engineer
Запознајте го Бобан, софтвер инженер во Микросам веќе 3 години. Неговата приказна започна уште во Академија Микросам, која му беше отскочна даска за еден нов кариерен почеток, експлозија на информации и бура на идеи.
„Да се работи и учи во компанија како Микросам со ваква врвна технологија само по себе е достигнување, не само за мене туку и за секој млад човек во Македонија. Компанијата ме поттикна на едно сосема поинакво, тактичко и логичко размислување за решавање на сите предизвици. Како софтвер инженер предизвикувачки е што развивам софтвери кои движат роботи и машини кои се уникатни и препознатливи насекаде во светот. Навистина е исполнувачко што една идеја препраснува во иновациско чудо кое го носи потписот на тимот на Микросам Македонија. Заслужни се за ова мојот прекрасен тим на колеги – сѐ што правиме e заеднички.“
Кога го прашавме Бобан, што би издвоил од патувањата кај нашите купувачи, ни одговори:
„Микросам нема граници каде ги испорачува своите машини. Никогаш не сум помислил дека некогаш во животот ќе посетам некои земји, ама ете, овде е реалност. Кога ќе отидам кај купувачите работам рамо до рамо со најдобрите инженери. Чувството е неопишувачко, особено кога управувам со врвна технологија за авионската и вселенската индустрија.“
Како го користи Боби слободното време?
„Слободното време често го користам за спорт или некое хоби. Викендите знам да се искачам на некој планински врв, да отидам на џудо тренинг или едноставно да се посветам на електрониката како секојдневно хоби.“
На Бобан му посакуваме уште многу успеси понатаму и да искачи уште многу врвови кои ќе му донесат нови знаења и предизвици.



Доколку си инженер во потрага по нов предизвик, започнување на кариера во композитната индустрија може да биде вистинскиот чекор за тебе. Микросам е единствената компанија во овие простори што веќе повеќе од 30 години има искуство, професионален и амбициозен тим и клиенти од целиот свет.