Како од идеја „нацртана на салфетка“ до вистинска реалност?
Дел од нашиот тим – Веле Самак и Стефани Неделкова им одржија предавање на студентите од групата на професорот Радмил Поленаковиќ од Машинскиот Факултет – Скопје.
Предавањето беше на тема „Градење на автоматизација од светска класа – апликации за aвиовселенската индустрија“. Запознавајќи ги подетално со работата на Микросам, објаснивме како тимот се справува со предизвиците од самата идеја на проектот до нејзина комплетна реализација. Од токму една ваква една идеја на лист хартија започна и нашиот проект со НАСА. Идејата потекна од дискусии со НАСА и „Џенерал атомикс“ за изработка на делови во простор особено во вселена каде е речиси невозможно да се донесе алат. Инженерите од „Микросам“ успеаа во изработка на еден комплексен систем кој работи со 2 роботи паралелно. Еден робот полага композитен материјал, а друг робот се движи паралелно од другата страна на материјалот и игра улога на алат. За оваа технологија „Микросам“ совлада бројни предизвици, како што се прецизно и координирано движење на повеќе роботи во простор и обработка на термопластични композити.
Студентите ги запознавме и со можностите за студентска пракса и вработување, како да напишат совршено резиме кое ќе ги доведе до светска кариера во Микросам.
Вистинско задоволство ни е што можевме да го пренесеме знаењето на повеќе од 140 студенти, продолжувајќи ја соработката со Машинскиот Факултет – Скопје.
Инвестираме во младите, зашто тие се нашата иднина!
Повеќе за можностите за вработување и студентска пракса, прочитајте тука.

