Микросам како дел од конзорциумот на ИНОФЕИТ EDIH обезбедува специјализирани тренинзи за дигитални технологии, насочени кон менаџери, професионалци и технички експерти, со цел подобрување на нивните компетенции и приспособување кон најновите технолошки трендови.
Ги таргетираме малите и средни претпријатија, mid-cap компаниите и организациите од јавниот сектор.
Тренинзите покриваат широк спектар на теми релевантни за дигиталната трансформација и зголемување на конкурентноста. Тренинзите ќе се спроведуваат во просториите на Микросам и преку хибридни сесии, дополнети со дигитални едукативни материјали.
Нудиме сеопфатно портфолио на EDIH услуги со вградена AI димензија: Тестирај пред да инвестираш, Обуки и развој на вештини, Поддршка за наоѓање инвестиции и Вмрежување и пристап до иновациски екосистеми. Со силни врски со европските AI инфраструктури и националните чинители, ја забрзуваме примената на вештачката интелигенција преку инклузивни, одржливи и човекоцентрични пристапи.
Како дел од програмата за тренинзи и курсеви, објавуваме ЈАВЕН ПОВИК за курсот организиран од Микросам:
Паметно производство на композити:
Од материјали до дигитално производство
За курсот:
Како се произведуваат ракетни мотори, водородни резервоари, авиони од следната генерација и најсовремените композитни конструкции?
Одговорот лежи во комбинацијата на напредни материјали, инженерски дизајн, автоматизација и дигитално производство.
Овој курс ќе ве воведе во светот на композитните технологии – една од најбрзо растечките инженерски области денес. Во текот на програмата ќе научите како современите композитни материјали се развиваат, дизајнираат и произведуваат, како и зошто тие се клучни за индустрии како воздухопловството, вселенските технологии, водородната енергија, автомобилската индустрија, одбраната и обновливите извори на енергија.
За разлика од класичните академски предавања, овој курс е базиран на реални индустриски технологии и практики што секојдневно се применуваат во Микросам – компанија која повеќе од 35 години развива и испорачува автоматизирани системи за производство на композити на клиенти ширум светот.
Што ќе научите?
Во текот на курсот ќе стекнете разбирање за целиот процес на производство на композити:
- што претставуваат композитните материјали и по што се разликуваат од традиционалните инженерски материјали;
- како влакната, смолите и матриците влијаат врз својствата на финалниот производ;
- како се проектираат композитни структури и ламинати;
- како функционираат најважните производствени технологии, меѓу кои:
- Hand Lay-Up
- Vacuum Bagging
- Resin Infusion
- RTM и HP-RTM
- Pultrusion
- Filament Winding
- Automated Fiber Placement (AFP)
- Automated Tape Laying (ATL)
- како се произведуваат препрег и towpreg материјали;
- како изгледа подготовката на материјалите преку процесите на сечење и премотување;
- како автоматизацијата, роботиката и концептите на Industry 4.0 го трансформираат производството;
- како се обезбедува висок квалитет и сигурност на композитните производи;
- кои се најновите трендови во одржливоста, повторната употреба и рециклирањето на композитите.
Што можете да очекувате?
Ова не е курс во кој ќе меморирате дефиниции.
Ќе разговараме за вистински инженерски предизвици, ќе анализираме реални производствени процеси и ќе видите како инженерските одлуки влијаат врз квалитетот, цената и перформансите на финалниот производ. Предавањата ќе бидат збогатени со примери од реални проекти, фотографии, видеа и дискусии базирани на искуството на инженерите од Микросам.
Во текот на курсот ќе имате можност да поставувате прашања, да дискутирате со предавачите и да добиете поширока слика за тоа како функционира една високо-технолошка компанија која работи на глобалниот пазар.
По завршувањето на курсот
По успешно завршување на курсот ќе можете:
- да ги разбирате основните принципи на композитните материјали;
- да ги препознавате различните технологии за нивно производство и нивната примена;
- да разберете како функционира еден современ автоматизиран производствен систем;
- да ги поврзете инженерските дисциплини – машинство, електротехника, автоматизација, материјали и софтвер – во една интегрирана производствена целина;
- полесно да се вклучите во практичната работа и проектите во Микросам.
За кого е наменет курсот?
Курсот е наменет за вработени во мали и средни претпријатија од областа на инженерство и автоматизација, како и студенти и магистранти од областа на инженерество и автоматизација, без оглед на нивното претходно познавање на композитните материјали. Доволни се љубопитност, желба за учење и интерес за современите инженерски технологии.
Добредојдовте во светот на композитите – каде што инженерството, автоматизацијата и иновациите ја создаваат иднината на производството.
Пријавете се на [email protected] и нашиот тим ќе ве исконтактира за повеќе информации.
Рокот за аплицирање е до 26.07.2026