Ако си студент на технички факултет и размислуваш да започнеш со пракса, сигурно имаш многу прашања и дилеми. Во нашиот претходен блог пост „10 причини зошто сега да ја започнеш студентска пракса“ ние ги разгледавме придобивките што ги носи праксата. Сега одиме чекор понатаму: ќе одговориме на 5-те најчести прашања што секој студент ги поставува пред да почне пракса – и ќе објасниме како на тие прашања одговара Микросам.
1. Што точно ќе работам за време на праксата?
Во Микросам, од првиот ден ќе бидеш дел од вистински инженерски проекти. Микросам е компанија што работи на иновативни проекти кои понекогаш звучат како научна фантастика. На пример, нашиот тим има создадено мулти-роботска ќелија за NASA, има испорачано автоматска линија за производство на CNG резервоари за Audi, произведува роботски машини за изработка на водородни резервоари, и помага во создавање делови за авиони – како крила, трупови и опашки.
Што значи ова за тебе? Тоа значи дека и ти можеш да се најдеш како дел од тим кој развива и успешно води вакви проекти. Задачите ќе бидат приспособени на твојата струка: ако си машински инженер, ќе конструираш механички делови; ако си електроинженер, можеби ќе помогнеш во електрично поврзување и сензори; ако си сoфтвер инженер, ќе развиваш софтвери за управување на машини. Ќе работиш на задачи со реална примена, а твојот придонес ќе биде видлив уште за време на праксата.

3. Ќе имам ли ментор и поддршка за време на праксата?

Секако, од моментот кога ќе започнеш, ќе ти биде доделен ментор – искусен инженер кој ќе ти помага и насочува низ целата пракса. Менторот е тука да ти објасни задачи, да те воведе во користење на потребните алатки и технологии, и да одговори на сите твои прашања.
Покрај менторот, ќе работиш рамо до рамо со останатите инженери во тимот. Нашата работна култура е тимска и колегијална, што значи дека секој е подготвен да помогне. Слободно поставувај прашања, барај совети и учи од експертизата на своите колеги. Постепено, како што ќе напредуваш, ќе добиваш поголема самостојност – но и понатаму тимот ќе биде тука за поддршка кога ќе затреба.
Важно е да знаеш дека од тебе не се очекува да ги знаеш сите работи уште од првиот ден. Целта на праксата е да научиш. Затоа, започнуваме со полесни задачи и постепено те воведуваме во посложени проекти. Преку овој процес ќе ги надградуваш своите вештини, а менторот и тимот ќе внимаваат на твојот напредок и ќе ти даваат повратни информации за да можеш постојано да се подобруваш.
3. Кои вештини и знаења ќе ги стекнам?
За време на праксата во Микросам, ќе имаш можност значително да ги прошириш своите знаења и вештини – и технички, и меки (soft skills). Еве неколку примери што можеш да ги научиш и усовршиш:
- Практични технички вештини: Работа со современи софтверски алатки, програмирање и подесување на роботски системи или CNC машини, користење на опрема за тестирање и мерење.
- Современи технологии во индустријата: Ќе се запознаеш со композитни материјали и напредни процеси за нивна обработка. Ќе видиш како функционира една автоматизирана производна линија и како повеќе роботи соработуваат во “паметна“ производствена ќелија.
- Решавање реални проблеми: Преку работа на вистински проекти, ќе се соочиш со предизвици кои бараат критичко размислување и креативност. Ќе научиш како да пристапиш кон проблем, да предложиш решение и да го реализираш тоа решение во практика, прилагодувајќи се на реалните ограничувања.


- Тимска работа и комуникација: Работејќи во група, ќе го подобриш начинот на комуникација со колеги од различни инженерски профили. Ќе стекнеш искуство во координација на задачи со тим, презентација на идеи и известување за напредокот на проектите.
- Управување со време и проекти: Кога работиш на проект со реални рокови, ќе научиш подобро да го организираш своето време, да поставуваш приоритети и да следиш определена методологија на работа.
Сето ова искуство ќе ти користи без разлика каде ќе продолжиш понатаму. По завршувањето на праксата, ќе се чувствуваш многу посигурен/на во своите способности бидејќи веќе си работел/а на конкретни задачи со реална примена.
4. Дали праксата ќе ми помогне во кариерата (и може ли да доведе до вработување)?
Апсолутно. Една пракса може да биде одлучувачки чекор за твојата идна кариера. Прво, таа ти овозможува да го пренесеш своето теоретско знаење во практична средина, што ќе те направи поспремен за вработување отколку некој кој нема практично искуство. Кога ќе дипломираш, веќе нема да бидеш почетник без искуство – ќе имаш конкретни проекти зад себе на кои си работел, што изгледа одлично во твоето CV.
Во Микросам, многу од нашите сегашни инженери ја започнале својата кариера токму како практиканти. Ние секогаш сме во потрага по талентирани млади инженери кои би се приклучиле на нашиот тим на долг рок. Практикантската работа е најдобар начин и ние да те запознаеме тебе, и ти нас – па ако се вклопиме добро, зошто да не ја продолжиме соработката?

5. Зошто Микросам е вистинското место за пракса?

Микросам нуди искуство што не може да се најде на други места во овие простори. Како компанија со над 35 години успешно постоење, ние сме лидер во светот во областа на машините за современи композити и автоматизација. Имаме клиенти и проекти на сите континенти – од врвни автомобилски гиганти, до авионски и вселенски програми. Тоа значи дека како практикант кај нас, ќе бидеш изложен на глобално ниво на инженеринг без да мораш да ја напуштиш земјата.
Дополнително, работната атмосфера во Микросам е спој на професионалност и креативност. Ќе работиш со тим од докажани експерти, но и со млади инженери полни со идеи. Секој глас се слуша – дури и практикантите имаат шанса да дадат предлог или нова перспектива. Нашата компанија постојано воведува иновации и нови технологии, па ако си љубопитен/на и амбициозен/на, ќе имаш бескрајни можности за учење и раст.
Изборот на местото за твојата пракса е важен – тој може да го постави темелот на твојата кариера. Во Микросам ќе добиеш квалитетна основа за понатаму: врвна технологија, искусни ментори, реални проекти и шанса да оставиш впечаток во индустријата на композити и роботика.
Не двоуми се да ја искористиш оваа можност и да искусиш одблиску како изгледа работата на еден инженер во современата индустрија.