Карбонските или т.н. јаглеродни влакна се едни од најчестите зајакнувачи кои што се користат на нашите машини за изработка на модерни делови од композити.
Нивните придобивки се големи!
Се користат во широк спектар на индустрии, на пример, ги прават авионите и вселенските летала поефикасни и полесни, автомобилите побрзи. Дури, можете да ги најдете во паричници, компјутерска опрема, очила за сонце и многу други производи.
Издвоивме неколку неверојатни својства кои ќе ви потврдат зашто се толку корисни:
- Исклучителна издржливост и јачина, а сепак лесни;
- Можат да бидат изработени во било која форма и се доста флексибилни;
- Отпорни се на корозија;
- Низок коефициент на ширење од топлина (топлинска експанзија).
Затоа, не е воопшто чудно зашто може да ги најдеме насекаде околу нас!