Со задоволство ви најавуваме дека Микросам е дел од виртуелниот и најголем Регионален саем за вработување.
Саемот ќе се одржи во периодот од 17-ти до 21-ти октомври, во организација од од силната група на регионални сајтови за вработување Вработување (Македонија), Poslovi Infostud (Србија), MojPosao (Хрватска), MojPosao.ba (БиХ) и Deloglasnik (Словенија).
Место на одржување: www.regionalensaemzavrabotuvanje.com
Оваа година конечно ќе можете од удобноста на вашиот дом да се приклучите виртуелно и да го запознаете тимот на Микросам, начинот на кој работиме, како и за условите што треба да ги исполнувате за вработување или студентска пракса.
Можноста за работа и пракса во компанија која е вистински бренд амбасадор на Македонија во светот и не е толку далеку.
Откриј што значи да работиш со НАСА, Спирит Аеросистемс, Ауди, и многу други во голем број на индустрии.
За повеќе детали следете нè на нашата интернет страна и социјални мрежи.