Склопувањето и монтирањето на машината е еден од најважните чекори од кои што зависи останатото производство и работа. Еден од нашите суперхерои е и Ромео – монтер во Микросам.
„Во Микросам научив колку е клучно да го започнеш целиот процес на монтирање на машината според конкретно дефинирани процедури. Сакам да го проучам и составам секое делче од кое понатаму излегува огромно чудо. Најпредизвикувачки дел ми е кога одиме директно да ги монтираме машините кај клиентите кои се од најразлични држави во светот. Се запознав со толку многу технологии и се гордеам што сум дел од оваа компанија која ми прижи големи можности. Благодарение на тимската работа и поддршката од колегите јас успеав за брзо време да се вклопам во семејството!“ – вели Ромео.
За повеќе информации за работните одговорности прочитај тука.
Доколку сакаш да бидеш дел од овој суперхеројски тим, аплицираj на [email protected], или побарај не на 075 226 411.