Софтвер инженер – дел од дизајн тимот на инженери. Позиција за почетници и искусни кандидати со одлични можности.
За Микросам:
Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 34-години Микросам има инсталирано над 330 производни линии во повеќе од 45 земји во светот, како Германија, САД, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com.
Основни одговорности и задачи:
- Истражување на различни софтверски алатки
- Развој и тестирање на научно истражувачки алгоритми ( C++, C#, Matlab)
- Развој на софтверски системи за offline програмирање, управување и симулација на CNC роботизирани машини (MikroPlace, Winding Expert). Работа во C++ и QT околина
- Развој на софтверски системи за контрола на квалитет (QCS). Работа во C# и .NET и SQL датабази (Microsoft SQL Server)
Квалификации и компетенции:
- Завршен Факултет за информатика – програмирање или при крај со студии
- Задолжително познавање на англиски јазик (познавање на германски ќе се смета за предност)
Што нудиме?
- Одлични услови за работа во креативна средина
- Kариера во најиновативната Македонска компанија со решенија за светски клиенти
- Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенијa
- Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
- Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
- Организиран превоз и храна
Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку пријава.
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.