Со големо задоволство Ве покануваме да го посетите штандот на Микросам на ,, Ден за кариерен развој” што ќе се одржи на 11 мај 2023 година, од 12:00 – 16:00 часот на Техничкиот кампус (голем паркинг кај ФЕИТ и Машински факултет) на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Настанот е во организација на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје и Центарот за кариера на УКИМ, а со цел да ги доближат
компаниите до студентите, проширувајќи ги нивните кариерни можности. На овој настан, студентите ќе имаат можност за остварување на директен контакт со тимот на Микросам. Тимот ќе им ги презентира своите можности за вработување и практиканство за време и по завршување на студиите, со што ќе ги мотивира и поттикне во нивниот понатамошен кариерен развој.
На настанот, студентите ќе можат да креираат професионално CV со кое ќе можат веднаш да аплицираат на штандот на Микросам.
Исто така, ќе биде овозможено и кариерно советување и насочување од страна на Асоцијацијата на кариерни советници.
Ќе биде овозможено и фотографирање со Photo Booth, за целосно комплетирање на професионалното CV на секој студент.
Агенда на настанот ,,Ден за кариерен развој”
- 11.05.2023 од 12:00 до 16:00 часот на платото кај Техничкиот кампус на УКИМ (голем паркинг на ФЕИТ и Машински факултет)
- 11:00 – Пристигнување на компаниите и нивно сместување
- 12:00 – Пристигнување на студенти и други поканети гости
- 12:15 – Отворање на настанот и кратко претставување на агендата
- Обраќање на ректорот, проф.д-р Никола Јанкуловски
- Обраќање на раководителот на Центарот за кариера на УКИМ, проф.д-р Јасмина Тониќ Рибарска
- Обраќање на претседателот на УСС на УКИМ, Славчо Темелковски
- 12:30 – Заедничка обиколка на организаторите и гостите на сите штандови
- 13:30 – Работилница на тема: Ви треба ли Chat GPT за планирање на кариера?Асоцијација на советници за развој на кариера
- 14:15 – Музички сет #1
- 14:30 – Работилница на тема: Вмрежување – зошто е важно во процесот на барање работа? Thrivity
- 15:00 – Музички сет #2