Процесот на производство на машините не може да започне без соодветен план, координацијa и контролирање на работните задачи. Запознајте го Виктор, кој веќе 10 години во Микросам изгради кариера и напредуваше во едно од раководните лица во компанијата.
„Во Микросам напредувам со вложување на многу огромен труд и голема посветеност према работата, како и сериозен и одговорен пристап кон сите нови предизвици што ги имаме. Производство е сектор каде што го добиваме финалниот производ што го произведува Микросам и во кој што сме вклучени сите од целиот тим.Тоа е плус поттик, одговорност, а воедно и радост по секој успешно завршен проект. Можноста за надградба, усовршување, која ја овозможува Микросам, сама по себе е мотивација за работа.“ – вели Виктор
Виктор својата кариера во Микросам ја започна преку Академија Микросам. Академијата како еден вид на регрутен центар го насочи и обучи за да се вработи кај нас. Благодарение на неговиот труд и работа, веќе една деценија води еден од клучните тимови на компанијата – производството.
Доколку сметаш дека знаеш да планираш, следиш производствени процеси и менаџираш ресурси, аплицирај за помошник раководител на производство и монтажа на [email protected].
Прочитај повеќе за технички и производствени профили и процеси тука.