Современите композити за да ја добијат финалната форма се третираат со температура. Зависно од смолата (матрицата) која ги задржува влакната (зајакнувачи) во посакуваната форма, тие може да бидат термореактивни или термопластични.
- Термореактивните композити се обликуваат во финална форма со помош на печење. Тоа може да трае неколку часа на температури под 200 °C, а некогаш и со дополнителен притисок. На тој начин стануваат одлична замена на металите, само со пониска тежина. Недостиг е што не можат повторно да се реобликуваат и рециклираат.
- Кај термопластичните композити пак реакцијата е многу побрза, но со далеку повисоки температури кои може да бидат и до 450 °C. Првичната форма може да им се промени без потенцијални оштетувања, но затоа се користат ласери со голема моќност. Дополнително, можноста за рециклирање ги прави корисни за животната средина.
На нашите машини се користат и двата типа, во зависност од тоа што треба да се произведе. Денес, како иднина на современите композити, приоритет им се дава на термопластичните композити, заради својата флексибилност и потенцијална широка употребливост.