Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, при УКИМ на 27 мај 2022 година – петок, од 12 до 14 часот, ќе организира настан насловен како ,,ТЕХНОЛОГИЈАТА СПОЈУВА: ОБРАЗОВАНИЕ-НАУКА-ИНДУСТРИЈА”, наменет за студенти и средношколци.
Микросам ја продолжува соработката со факултетот! На настанот ќе присуствуваме со свој штанд на кој секој заинтересиран ќе може да остави свои податоци и да воспостави контакт со тимот. На присустните ќе им биде презентирана можноста за студентска пракса, развој и кариера во компанија со светски решенија.
Драго ни е што на едно место и лично ќе разговараме за можностите кои ги нудиме. Континутирано имаме потреба за инженери технолози кои се доволно амбициозни и храбри да учат и работат со најдобрите. Нашата практика и искуство покажале дека студентите од овој факултет се врвни инженери, кои за брзо време се вклопија во светот на „материјали на иднината“ или современи композити.
Ве очекуваме!