Инженер-технолог – работна позиција за кандидати со и без работно искуство.
За Микросам:
Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 30-години Микросам има инсталирано над 290 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот.
Основни одговорности и задачи:
- Учество во интердисциплинарни истражувања и проекти за развој на работата со хемиски инженери, машински инженери, електрo инженери, програмери и други професионалци;
- Развивање на контролата на квалитетот на производи и процеси;
- Изработка на технолошки основи за инвестициски проекти и учество во реализацијата на инвестициските програми;
- Изработка и воведување на технолошки и технички спецификации и методи за проверка на супстанции и процеси, како и проверка на усогласеноста на тие својства во спецификите;
- Пронаоѓање, отстранување и превентивно дејствување на неусогласеноста на супстанциите и постапките со спецификите.
- Проучување на технолошките аспекти на одделни материјали, производи и советување во врска со нив;
- Техничка соработка и консултации со други релевантни експерти;
- Контактирање и посета на добавувачи и купувачи надвор од Македонија
Квалификации и компетенции:
- Завршен Технолошки факултет или при крај на студии
- Задолжително познавање на англиски јазик, писмен и говорен (секој друг јазик е предност)
Што нудиме?
- Одлични услови за работа во креативна средина
- Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенијa
- Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
- Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
- Организиран превоз и храна
Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку пријава.
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.