Работна позиција за кандидати со искуство во сметководствени работи.
За Микросам:
Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 34 години Микросам има инсталирано над 330 производни линии во повеќе од 45 земји во светот, како Германија, САД, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com
Основни одговорности и задачи:
- Тековно книжење на изводи (денарски и девизни), фактури-домашни (влезни и излезни), увозни/извозни царински декларации, материјални документи
- Евиденција на основни средства и пресметка на амортизација
- Подготовка и поднесување на статистички извештаи
- Учество во подготовка на годишна сметка, даночни пријави и други финансиски извештаи
- Помош околу подготовка на документација за презентирање пред даночни и други овластени органи
- Подготовка на даночни биланси во законски пропишани рокови
- Подготовка на финансиски извештаи (менаџерски и законски)
- Комуникација и координација со финансиски институции и добавувачи (домашни и странски)
- Следење на актуелната сметководствена регулатива и сметководствени стандарди
- Други сродни задачи
Квалификации и компетенции:
- Високо образование, сметководство и ревизија ќе се смета за предност
- Уверение за сметководител и претходно работно исксутво
- Задолжително познавање на англиски јазик, писмен и говорен (германски јазик е предност)
- Способност за брза реакција согласно променливите деловни потреби
- Самоиницијативност и способност за самостојна работа
- Тимска работа
- Позитивен пристап
- Способност за работа во динамична работна средина, под притисок и во кратки рокови
- Компетенции во користење на програмите на Microsoft Office и различни софтверски алатки
Што нудиме?
- Одлични услови за работа во креативна средина
- Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
- Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
- Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
- Организиран превоз и храна
- Кариера во најиновативната Македонска компанија со решенија за светски клиенти
Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку полето Пријави се.
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.