Работна позиција за кандидати со искуство во сметководствени работи.
За Микросам:
Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 30 години Микросам има инсталирано над 320 производни линии во повеќе од 45 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com
Основни одговорности и задачи:
- Изготвување на фактури
- Креирање на налози за плаќање со добавувачи во земјава и странство
- Тековно книжење на изводи, фактури (влезни и излезни), материјални документи, итн
- Сложување на картици со добавувачи
- Подготовка на финансиски извештаи
- Комуникација и координација со финансиски институции и добавувачи (домашни и странски)
- Следење на актуелната сметководствена регулатива и сметководствени стандарди
Квалификации и компетенции:
- Високо образование, сметководство и ревизија ќе се смета за предност
- Уверение за сметководител и претходно работно исксутво ќе се смета за предност
- Задолжително познавање на англиски јазик, писмен и говорен (германски јазик е предност)
- Способност за брза реакција согласно променливите деловни потреби
- Самоиницијативност и способност за самостојна работа
- Тимска работа
- Позитивен пристап
- Способност за работа во динамична работна средина, под притисок и во кратки рокови
- Компетенции во користење на програмите на Microsoft Office и различни софтверски алатки
Што нудиме?
- Одлични услови за работа во креативна средина
- Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
- Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
- Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
- Организиран превоз и храна
- Кариера во најиновативната Македонска компанија со решенија за светски клиенти
Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку полето Пријави се.
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.