Референт за набавка – работна позиција со искуство во набавка, особено со странски добавувачи.
За Микросам:
Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 35 години Микросам има инсталирано над 340 производни линии во повеќе од 45 земји во светот, како Германија, САД, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот.
Основни одговорности и задачи:
- Процесирање на барања за набавка
- Контакт со домашни и странски добавувачи
- Барање на најповолни понуди од добавувачи согласно потребите на компанијата
- Изготвување на порачки кон домашни и странски добавувачи
- Внесување и ажурирање на порачки во интерен систем
- Следење на порачки, испорака и документација од добавувачи
- Комуникација и координација со други оддели во компанијата
- Обезбедување на увозни документи од странски добавувачи
- Следење на интерни процедури за набавка
Квалификации и компетенции:
- Високо образование
- Задолжително познавање на англиски и германски јазик
- Способност за ефективна говорна и писмена комуникација
- Способност за брза реакција согласно променливите деловни потреби
- Самоиницијативност и способност за самостојна работа
- Тимска работа
- Позитивен пристап
- Способност за работа во динамична работна средина, под притисок и во кратки рокови
- Компетенции во користење на програмите на Microsoft Office и различни софтверски алатки
Што нудиме?
- Одлични услови за работа во креативна средина
- Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенијa
- Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
- Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
- Организиран превоз и храна
Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку пријава.
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.