Платена обука за стручни квалификации на невработени лица за монтери со можност за вработување во Микросам.
Микросам е светски-признат гигант во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи. Во повеќе 30-години Микросам има инсталирано над 300 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот.
Основни работни задачи и одговорности:
- Разгледување и проучување на работилнички цртежи и шеми потребни за склопување и монтирање на одредена машина;
- Составување на делови и склопови од машини;
- Користење на специјална опрема и алат за работа;
- Тестирање на машините и елиминирање на дефектите;
- Водење на евиденција за работата во посебна документација.
Квалификации и компетенции:
- Минимум средно образование
- Желба за учење и напредување
- Одговорност кон работата
Што нудиме:
- Платени обуки за стручни квалификации во траење од 4 месеци
- Можност за вработување во најиновативната Македонска компанија со решенија за светски клиенти
- Одлични услови за работа во креативна средина
- Амбициозен и професионален тим со големо искуство
- Организиран превоз и храна
Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку пријава. За повеќе информации може да не контактирате на следните телефонски броеви: 048 400 100 и 075 226 411.
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.