Монтер – дел од производниот тим. Позиција за почетници и искусни кандидати со одлични можности.
За Микросам:
Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 30-години Микросам има инсталирано над 280 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com.
Основни одговорности и задачи:
- Разгледување и проучување на спецификациите за работа како работилнички цртежи и шеми потребни за склопување и монтирање на одредена машина
- Составување на делови и склопови од машини според конкретно дефинирани процедури
- Ја организира работата при монтажа
- Користење на специјална опрема и алат за работа
- Тестирање на машините и елиминирање на дефектите
- Монтажа на машини кај купувачите во странство
- Водење на евиденција за работата во посебна документација.
Квалификации и компетенции:
- Минимум средно образование
- Без и со работно искуство во областа
- Желба и одговорност кон работата
Што нудиме?
- Одлични услови за работа во креативна средина
- Kариера во најиновативната Македонска компанија со решенија за светски клиенти
- Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенијa
- Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
- Организиран превоз и храна
Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку пријава.
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.