Работна позиција во производство – за кандидати со и без искуство.
За Микросам:
Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и CNC машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 35-години Микросам има инсталирано над 330 производни линии во повеќе од 45 земји во светот, како Германија, САД, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com
МЕТАЛООБРАБОТУВАЧИ
Основни одговорности и задачи:
- Познавање/читање на работилнички цртежи за машински делови и следење на техничко пропратни инструкции и документација;
- Штелување и оперирање со машините,
- Мерење на димензиите на готовите парчиња и нивна доработка;
- Работа со вилушкар и кран
Квалификации и компетенции:
- ССС
- Предност имаат кандидатите со работно искуство
- Соодветна стручна обука за кандидатите без работно искуство
Што нудиме?
- Одлични услови за работа во креативна средина
- Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
- Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
- Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
- Организиран превоз и храна
Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку полето Пријави се.
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.