Монтер-бравар – дел од производниот тим. Позиција за почетни и искусни кандидати со одлични можности.
За Микросам:
Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 30-години Микросам има инсталирано над 290 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот.
Основни одговорности и задачи:
- Изработка на метални делови и конструкции според добиени цртежи
- Планирање на обработката на материјалите со оптимално искористување и минимален трошок
- Кроење, сечење, заварување и спојување на материјали за браварско работење
- Демонтажа, поправка и монтажа на хидраулични пневматски и машински компоненти и делови
- Контрола на притисок на масло и температура на системи за хидраулика
- Контрола и по потреба санација на системи за емулзија и подмачкување
Квалификации и компетенции:
- ССС
- Работно искуство минимум 1 година
Што нудиме?
- Одлични услови за работа во креативна средина
- Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
- Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
- Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
- Организиран превоз и храна
Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо.
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.