Работна позиција за кандидати со искуство.
За Микросам:
Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 36-години Микросам има инсталирано над 370 производни линии во повеќе од 45 земји во светот, како Германија, САД,Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com
Основни одговорности и задачи:
- Планирање и реализација на маркетинг кампањи и активности преку web страна, социјални медиуми, email marketing, PR, платени реклами, настани и саеми
- Креирање, уредување и објавување на маркетинг содржини за web страна, LinkedIn, Facebook, Instagram
- Пишување на маркетинг текстови, објави за социјални медиуми, текстови за web страна, newsletters, промотивни материјали, PR текстови и други комуникациски материјали
- Креирање и адаптирање на визуелни маркетинг материјали: презентации, банери, постери, каталози, брошури, флаери и сл.
- Организирање и реализација на фото и видео снимања на машините за маркетинг цели
- Подготовка и реализација на email marketing и Newsletter кампањи
- Следење на маркетинг буџет, пазар, конкуренција и трендови
- Организирање и учество на меѓународни саеми, конференции и други настани, вклучително и подготовка на промотивни материјали и координација со организатори
- Координација со продажба, HR и други оддели при реализација на заеднички маркетинг активности
- Извршување на други маркетинг активности согласно потребите и приоритетите на компанијата
Квалификации и компетенции:
- 1-3 години релевантно искуство со маркетинг, со искуство во планирање и реалиација на кампањи
- Одлични copywriting и content creation вештини
- Познавање на Canva, Adobe Protoshop и/или Premiere Pro
- Познавање на Brevo или други емаил маркетинг платформи
- Пoзнавање на WordPress и основи на SEO
- Одлични комуникациски и организациски вештини
- Одлично познавање на англиски јазик, особено во пишана и деловна комуикација
- Самоиницијативност, креативност и проактивност во предлагање и реализација на нови идеи
- Способност за самостојно планирање и приоритизирање на повеќе активности и рокови
- Способност за тимска работа и соработка со различни оддели
Што нудиме?
- Одлични услови за работа во креативна средина
- Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
- Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
- Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
- Организиран превоз и храна
Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку полето за аплицирање.
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.