Работна позиција за кандидати со искуство во видео и фото едитирање.
За Микросам:
Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и CNC машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 30-години Микросам има инсталирано над 300 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com
Основни одговорности и задачи:
- Учество во спроведување на маркетинг кампањи
- Спроведување на снимање и фотографирање на опремата и машините за потребите на тимот за Продажба и Маркетинг
- Монтирање на видео материјали и уредување на фотографии
- Уредување и анимирање на маркетинг содржини за: веб страна, социјални медиуми, постери, каталози, брошури
- Истражување и анализа на пазарот и следење на конкуренција
- Сугестии за подобрување на маркетинг стратегијата, и други маркетинг активности по потреба
- Административна поддршка на тимот за Продажба и Маркетинг
Квалификации и компетенции:
- Предност имаат кандидатите со завршено високо образование од областа на маркетинг, комуникации или завршена релевантна Академија од оваа област
- Предност имаат кандидатите со претходно работно искуство од најмалку 1 година во следниве области: маркетинг, социјални / дигитални медиуми, video and photo editing;
- Познавање на следните алатки за уредување на видео материјали и фотографии: Adobe Premiere Pro, DaVinci Resolve, Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe InDesign, Canva Pro и др.)
- Одлично познавање на Англиски јазик, особено пишување
- Самоиницијативност и способност за самостојна работа
- Комуникациски вештини и способност за тимска работа
- Искуство со софтверски алатки
- Познавање на social media за комерцијални цели
Што нудиме?
- Кариера во најиновативната Македонска компанија со решенија за светски клиенти
- Одлични услови за работа во креативна средина
- Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
- Конкурентна компензација
- Континуирана обука и професионално усовршување од личен и од технички аспект
- Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
- Организиран превоз и храна
Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку полето за аплицирање.
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.