Хигиеничар – работна позиција за почетници и искусни кандидати.
За Микросам:
Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 30-години Микросам има инсталирано над 300 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com
Квалификации и компетенции:
- Претходно работно искуство ќе се смета за предност
- Одговорна и вредна личност
- Посветеност, темелност и педантност во извршувањето на работните обврски
- Самоиницијативност и лојалност
Што нудиме?
- Работно време 40 часа неделно
- Годишен одмор од 20 дена
- Организиран превоз и храна
- Регрес за годишен одмор (К-15)
Испратете кратка биографија (CV) преку пријава.
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.