Електротехничар – дел од производниот тим. Позиција за искусни кандидати со одлични можности.
За Микросам:
Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во повеќе од 35-години Микросам има инсталирано над 340 производни линии во повеќе од 45 земји во светот, како Германија, САД, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот.
Основни одговорности и задачи:
- Монтажа на ормари и контролни панели за автоматика согласно електро шеми;
- Припрема и инсталација на енергетски и комуникациски кабли и конектори;
- Работа со мерни инструменти и тестери;
- Поврзување на сензори, електро мотори и останато тековно одржување.
Квалификации и компетенции:
- ССС
- Работно искуство од минимум 1 година
Што нудиме?
- Одлични услови за работа во креативна средина
- Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
- Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
- Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
- Организиран превоз и храна
Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо.
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.