Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 36-години Микросам има инсталирано над 370 производни линии во повеќе од 45 земји во светот меѓу кои Германија, САД, Јапонија, Кина, Индија и Јужна Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com
Основни одговорности и задачи:
- Проучување на закони, прописи и судска пракса и нивна имплементација во деловниот процес
- Прегледување, а по потреба и изготвување на документите за промени кои што настануваат во компанијата
- Изготвување на внатрешни правни акти за потребите на компанијата
- Укажување на правна помош во вид на составување на соодветни правни акти, правни средства и лекови (договори, тужби, жалби, приговори, опомени, барања, известувања и сл.)
- Советување на органите и вработените за одделни правни прашања
- Комуникација со соработници, клиенти, добавувачи
- Комуникација со релевантни државни органи и други институции
- Други правни работи и задачи кои ќе му ги доделат претпоставените
Квалификации и компетенции:
- Завршен Правен факултет
- Работно искуство во областа ќе се смета за предност
- Задолжително познавање на англиски јазик
- Познавање на MS Office пакетот
- Работна етика, одговорност и организираност
- Одлични комуникациски и интерперсонални вештини
- Способност за тимска работа, аналитичко размислување и желба за учење.
Што нудиме?
- Одлични услови за работа во креативна средина
- Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенијa
- Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
- Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
- Организиран превоз и храна
Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку полето за аплицирање.
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.