Микросам има отворена позиција за почетници и искусни кандидати за меѓународна продажба. Секој нов кандидат ќе помине низ тренинг. Компензацијата ќе зависи од искуството и релевантните познавања. Придружете и се на најиновативната Македонска компанија:
За Микросам
Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 34-години Микросам има инсталирано над 330 производни линии во повеќе од 45 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со соседниот Институт имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com.
Основни одговорности и задачи:
- Работа со CRM
- Изработка на редовни и периодични извештаи за продажни резултати
- Комуникација со меѓународни клиенти, глобални претставници и партнери
- Консултација со инженерски тим при изработка на понуди
- Присуство на годишни саеми, настани и конференции
- Посета на купувачи и добавувачи
- Комплетна поддршка на Продажниот Тим
- Сугестии за подобрувања, и други продажни активности
Квалификации и компетенции:
- ВСС од било која дисциплина, предност ќе имаат канидидати од техничките факултети
- Техничка ориентација
- Одлична и убедлива комуникација на телефон, директно и писмено
- Слушање и разбирање на потребите од сите учесници
- Одлично познавање на англиски јазик, особено пишување
- Желба за успех, континуирано учење и лично подобрување
- Самоиницијативност и способност за самостојна работа
- Тимска работа и искуство со софтверски алатки
Што нудиме:
- Кариера во најиновативната Македонска компанија со решенија за светски клиенти
- Одлични услови за работа во креативна средина
- Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
- Конкурентна компензација
- Континуирана обука и професионално усовршување од личен и од технички аспект
- Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
- Организиран превоз и храна
Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку пријава.
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.