Meet Zaklina – Head of Accounting and Finance department
Запознајте ја Жаклина, која веќе 14 години е дел од тимот на сметководство во Микросам. Благодарение на нејзиното искуство, знаење и амбициозност нашиот финансов тим функционира беспрекорно.
„Микросам е компанија во која јас се пронајдов. Мојот работен ангажман се сведува на евиденција на сите трансакции кои настануваат во деловните книги согласно со законските прописи. Тоа е доста одговорна задача, меѓутоа навистина ја работам со задоволство. Имав среќа моето знаење од образовниот процес да го применам тука. Микросам за мене е едно огромно позитивно искутво,“ – вели Жаклина.
Микросам за неа е едно големо позитивно искутво кое ѝ овозможило токму 14 години да биде дел од нашиот тим. Секој оној кој што сака да напредува, се трудиме да го поттикнеме, усовршиме и да му ги направиме достапни сите алатки за да биде најдобар.
„Компанијата нуди одлични и уникатни услови за работа за секој вработен кој што ќе пројави амбициозност и иницијатива. Тој мој квалитет компанијата го препозна и ми ги стави на располагање сите можни ресурси, како стручна литература, многубројни семинари во земјата и странство и консултации со врвни експерти од реномирани консалтинг куќи. Сето тоа беше една голема инвестиција во моето знаење кое што е клуч за успех на секого.“
Нејзиното искуство може да го погледнете на следното видео:
На Жаклина ѝ посакуваме уште многу големи успеси, контакти и нови предизвици кои ќе ги помине без проблем.