Meet Kire – our mechanical engineer!
Kире веќе 10 години како машински инженер во Микросам, успешно ги пласира своите идеи за машини низ светот. Како уште една наша успешна приказна, во моментов работи на најпознатите автоматски линии за намотување на композитни резервоари за гас.
„Од желбата на купувачот до готов производ е предизвикот што ме води кон успех. Задоволството да го видиш сопствениот цртеж како функционална машина во светски рамки, кај многу познати компании е мојата мотивација за секој нов проект. Микросам е местото кое овозможува секој амбициозен човек да ја живее кариерата од соништата. Тука се вработив кога бев доста млад и сега после 10 години можам да кажам дека тоа е најдоброто што ми се случило на професионален план. Работењето во Микросам значи да се биде рамо до рамо со големи професионалци, кои несебично го делат своето знаење. Ваквото опкружување придонесува да се развиваме, да учиме и да сме во постојан тек со најновите технологии. Предизвиците од работата со кои се соочуваме прават секој ден да е различна приказна.“ – вели Кире
На прашањето кое искуство му е најдраго, Кире вели:
„ Немам искуство кое не ми е драго. Се водам по изреката „Секое патување, ново доживување”, па така секој пат пристапувам со позитивен став и со позитивна мисла. Патувањата како неизоставен дел од нашата работа се крајната сатисфакција на секој успешно завршен проект. После секое патување се враќаш дома како побогат човек, со поголемо искуство, повеќе пријатели, авантури и се разбира поголемо знаење за светот. Она што ме радува секојпат е тоа што ние како компанија од мала земја, може слободно да се споредиме со компании од големи и развиени држави.“